Семејствата на заложниците кои Хамас ги држи во Појасот Газа по нападот на Израел на 7 октомври денеска побараа израелската Влада „вечерва да постигне договор“ за нивно ослободување.
– Знаеме дека вечерва може да се донесе одлука, се вели во соопштението на Форумот на семејствата на заложниците и исчезнати лица, додавајќи дека од израелската влада било побарано „да не го блокира договорот“.
Семејствата на заложниците кои Хамас ги киднапираше во нападите од Газа во јужен Израел на 7 октомври денеска тргнаа од Тел Авив на петдневен протестен марш кон Ерусалим, барајќи итен договор за нивно ослободување.
Набрзина формиран по нападите и киднапирањата на 7 октомври, форумот се почесто организира протести за да изврши притисок врз владата и да го задржи вниманието на медиумите.