Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вицепремиерот Битиќи во „Лабараториум“: Иновативноста и креативноста се клучни за развој со додадена вредност

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи го посети „Лабараториум“, компанија од делот на креативната индустрија која во центарот на градот има простор наменет за развој на култура на иновации и креативност.

При обиколката на просториите на „Лабараториум“ вицепремиерот Битиќи од страна на сопствениците Дејан Милевски и Владимир Митрески беше запознаен со бизнис моделот базиран на иновативност и на развој на креативноста и културното изразување.

Притоа, заеднички беше оценето дека развојот на креативните индустрии, со нивниот капацитет генерираат нови идеи, производи и услуги, кои ја развиваат културата на иновации, кое добива се понагласено значење за регионалната и глобалната конкуретност на економијата на Северна Македонија.

„Ме радува тоа што младите добиваат ваков простор, кој создава можност за следните генерации, својата креативност да ја насочат во оваа индустрија која е во подем во светот и да создаваат додадена економска вредност овде во Северна Македонија“, рече вицепремиерот Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи, додаде дека културните и креативните индустрии за првпат од осамостојувањето на државата се опфатени со кохерентна стратешка рамка на културните и економските политики во Националната стратегија за развој на културата (2023-2027), која е во финална фаза на изработка, каде овие индустрии се поставени во една од трите приоритетни области.

„Со ова правиме системски исчекор кон нивно разбирање не само од аспект на творечка и уметничка вредност, туку и од аспект на економскиот ефект кој може да го имаат во општеството“, рече вицепремиерот Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека придобивките кои креативноста ги содржи за економијата, Владата ги развива и преку Националната развојна стратегија.

„Националната развојна стратегија (НРС) со која се поставува дваесетгодишна визија за развојот на државата, има за цел Северна Македонија во следните 20 години да прерасне во земја со развиена, зелена, иновативна и ефикасна економија, со мотивирана и квалитетна работна сила, која ќе бележи континуиран прогрес и одржлива конкурентност, и ќе биде агилна на глобалните трендови“, рече вицепремиерот Битиќи на средбата со менаџментот на „Лабараториум“.

Зачлени се на нашиот е-билтен