Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СЗО загрижена поради ширење на болестите во Појасот Газа

– Светската здравствена организација (СЗО) е загрижена за ширењето на болести во Појасот Газа, бидејќи неколку неделните израелски бомбардирања го принудија населението да биде во засолништа со оскудни резерви на храна и чиста вода.

– Многу сме загрижени за ширењето на болести во зимскиот период, изјави претставникот на СЗО на окупираната палестинска територија Ричард Пајперкорн.

Тој додаде дека повеќе од 70.000 случаи на акутни респираторни инфекции и над 44.000 случаи на дијареја се регистрирани во густо населената енклава, значително повеќе од очекуваното.

Светската програма за храна на ОН денеска предупреди дека Појасот Газа се соочува со огромен недостиг на храна и широко распространет глад и дека речиси целото население на палестинската енклава има потреба од помош во храна.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново