Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Хутите се заканија дека ќе ги гаѓаат сите бродови во сопственост на израелски компании

Портпаролот на јеменските Хути, Јахја Саре, денеска изјави дека оваа милитантна организација ќе ги гаѓа сите бродови во сопственост на израелските компании или што носат израелско знаме.

Портпаролот на Хутите на каналот Телеграм ги повика сите земји да ги повлечат своите граѓани кои работат како екипаж на израелските бродови, пренесоа британските медиуми.

На 15 ноември Хутите соопштија дека истрелале серија балистички ракети на различни воени цели во Израел, вклучувајќи го и градот Еилат. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново