Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Реизбраниот шпански премиер Санчез ќе ги задржи клучните министри во новиот кабинет

– Реизбраниот шпански премиер Педро Санчез најверојатно ќе задржи некои од неговите најважни министри на нивните позиции во новиот кабинет, чиј состав се очекува официјално да биде објавен подоцна денеска, објавија агенциите, повикувајќи се на Радио Кандера и весникот Паис.

Министерката за економија Надија Калвино Санта Марија, министерката за енергетика Тереза ​​Рибера Родригез, министерката за финансии Марија Хесус Монтеро Куадрадо и министерката за труд Јоланда Дијаз најверојатно ќе останат на нивните министерски места. Во исто време, Жорди Ереу од Шпанската социјалистичка работничка партија се очекува да раководи со Министерството за индустрија.

Кабинетот на Санчез повторно ќе има 22 министри, иако тој вети дека ќе го намали нивниот број.

На екстремно левичарската политичка формација „Сумар“, на чие чело е Јоланда Дијаз, и се понудени пет министерски места, објави денеска државната телевизија ТВЕ.

Најново