Уште еден скандал на ВМРО-ДПМНЕ откако Мицкоски соопшти дека е можна коалиција со Левица која е позната и непоколелбива дека е против ЕУ и НАТО, а со тоа и на сите вредности што произлегуваат од сојузот со нив на што се потпира целата стратешка определба на Северна Македонија.
На прашањето на новинарката во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5 „дали верувате дека може да ја промените преговарачката рамка кога самиот договор за добрососедство со Бугарија е дел од преговарачката рамка“, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева изјави дека претседателот на оваа партија, Христијан Мицкоски, дошол до заклучок дека „ако ние не ги делиме истите вредности со Европската унија, тогаш нормално дека нема да сакаме да бидеме дел од некоја Унија со која немаме исти принципи во случај на неприфаќање на тоа што ВМРО-ДПМНЕ го има и го негува како вредност“.
Еве што изјави Митева:
„Претседателот Мицкоски дојде до таков заклучок – Ако ние не ги делиме истите вредности со Европската унија, тогаш нормално дека нема да сакаме да бидеме дел од некоја Унија со која немаме исти принципи во случај на неприфаќање на тоа што ВМРО-ДПМНЕ го има и го негува како вредност. Ќе ги искористиме сите алатки за Македонија да биде членка на Европската унија… Доколку наидеме на отпор, доколку наидеме на европски вредности кои не биле од самото создавање на ЕУ во минатото, тогаш се разбира дека беше тоа изјавата што претседателот Мицкоски тогаш ја употреби“, рече Митева во емисијата.
Со оваа изјава таа како да го „дотепа“ нејзиниот лидер кој еден ден пред тоа изјави дека е подготвен да коалицира со Левица за формирање на Влада после изборите. Ова, истовремено е и дилентатизам во продолжение, спротивен на стратешките интереси на земјата и граѓаните.
Со овие изјави во серија, што говори дека не се случајни, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ докажуваат дека не само сега, туку и после изборите тие немаат намера да ги прифатат уставните измени кои се предуслов за продолжување на преговорите со ЕУ на патот до членствои со тоа потврдува дека тој и ВМРО-ДПМНЕ, исто како и Левица, се вистинска опасност за продолжување на европскиот пат на нашата држава.