Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Крмов ќе си плати 9000 евра за „ќејфот“ со вандализмот во Собранието

Претседателот на Собранието Талат Џафери на брифингот со новинарите соопштил дека во однос на инцидентот што се случи на седницата кога требаше да се гласа новиот Деловник на Собранието кога пратеникот на Левица Борислав Крмов искрши дел од инвентарот во пленарната сала, штетата е проценета на над девет илјади евра и дека пратеникот ќе мора да ја плати штетата. 

– Има правни процедури за секое дејство. Штетата ќе се компензира од страна на чинителот на таа штета. Додека сме во Собранието ние сме во работен однос и важи законот за работни односи, рече Џафери. 

Објасни дека Крмов не може да се повика на пратеничкиот имунитет, бидејќи тоа може да го направи само за искажан збор од говорница.

Зачлени се на нашиот е-билтен