„Езерки“ настапија со куса програма на приемот кај претседателот на Хрватска Милановиќ

По повод одбележувањето 30 години од континуирана работа на Македонско-хрватското друштво, претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ, прими претставници на друштвото предводени од претседателката Јудита Реј Худечек.

Претседателката Худечек го запозна претседателот Милановиќ со активностите на друштвото кое е особено препознатливо по женската вокална група „Езерки“, која ја сочинуваат 15 вокали, од кои дел од нив беа во делегацијата на Македонско-хрватското друштво.

Групата „Езерки“ во претседателскиот кабинет се претстави со кратка културно-уметничка програма со избор песни од богатиот македонски фолклор.

Женската вокална група „Езерки“ е основана во 1995 година со цел зачувување и популаризирање на традиционалните македонски песни и има настапувано над 300 пати на различни сцени во Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Македонија и Италија.

На средбата со претседателот Милановиќ, покрај претседателот на друштвото, присуствуваа и потпретседателката на Македонско-хрватското друштво Бранка Квесиќ Батиница, секретарката на друштвото Лена Ѓапиќ и членовите Тајана Глухак, Зденка Лесјак, Кејт Маруновиќ, Дарка Краговиќ, Љиљана Преволегашка Ана, Катица Адамовиќ, Јелена Матанчевиќ, Рената Петрески Котаранин и Крунослава Куљиш.

Со претседателот Милановиќ на средбата беше и Мелита Мулиќ, советник на претседателот на Хрватска за човекови права и граѓанско општество.

ФОТО: Кабинет на претседателот на Република Хрватска / Марко Бељан

Зачлени се на нашиот е-билтен