Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ-Коен: Осуда за нападите и надеж за решавање на конфликтот меѓу Израел и Палестина

Во време на предизвици, човечката солидарност е најсилната порака за поддршка. Силно ги осудуваме нападите врз цивилното население со надеж за скорешно решавање на конфликтите помеѓу Израел и Палестина, напиша денеска на Фејсбук вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, по средбата со делегацијата на Израел, министерот за надворешни работи Ели Коен.

Како што потенцира Маричиќ, политиките на дијалог и разбирање се основа за одржувањето на мирот и стабилноста во Европа и светот. Тој појаснува дека предизвиците можат да се надминат само преку дијалог, соработка и заедничко почитување.

-Ние, остануваме посветени на решавање на конфликтите и против секое дејство што ги загрозува безбедноста и сигурноста на невините животи, додава Маричиќ.

Фото/Фејсбук страница на вицепремиерот Бојан Маричиќ

Зачлени се на нашиот е-билтен