Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ има предлог за Вучиќ и Курти, дали ќе го прифатат?

Вучиќ и Курти (колаж)

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Жозеп Борел, денеска изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти се поканети во Брисел на 27 февруари и оти се надева дека ќе го прифатат предлогот што им е понуден.

Ги поканив да дојдат и да водат целодневни разговори бидејќи имаме предлог на маса и се надевам дека ќе можат да го прифатат тој предлог како начин за нормализирање на нивните односи, изјави Борел за Дојче веле, пренесе Бета.

На прашањето колку е важно воведувањето санкции против Русија за патот на Србија кон Европската унија, високиот претставник одговори дека ЕУ бара усогласеност од сите членки на меѓународната заедница, особено од кандидатите.

Посебно од кандидатите за членство во ЕУ бараме да се усогласат со нашата надворешна политика. Секако, Србија не се усогласува со нашата надворешна политика колку што би сакале. Тоа е дел од разговорот и ангажманот со Србија, рече Борел.

Вучиќ потврди дека е поканет во Брисел и додаде дека нема намера „туристички“ да оди таму, туку дека е заинтересиран за Заедницата на српските општини.

Зачлени се на нашиот е-билтен