Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ИЗБОР) Албански медиуми: Нова традиција – учебната недела започна со националната химна

Во училиштата во Албанија учениците ја започнаа неделата со пеење на националната химна, како што беше најавено пред извесно време, а како еден од најголемите предизвици во државата. Според Џејми Вајсмен од Меѓународниот институт за печат, загрижувачки е бројот на случаи на полициско насилство врз медиумски работници. Ова е само дел од денешниот избор на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од содржините од албанските медиуми во регионот.

АЛБЕУ: Нова традиција, учебната неделата започнува со националната химна
„Секој понеделник наставата во албанските училишта започнува со националната химна.

Ова е новата традиција, која почна да се применува во училиштата во нашата земја.

Премиерот Еди Рама на Фејсбук објави видео со новата традиција каде учениците ја започнуваат неделата со националната химна.“, пренесе албанскиот медиум Албеу.

ДВ: Ограничувањето на просторот за добивање информации останува главен предизвик во Албанија
„Ограничувањето на просторот за добивање информации и понатаму останува главен предизвик за медиумите во Албанија, вели Џејми Вајсмен, од Меѓународниот институт за печат, ИПИ во интервју за Дојче Веле.

Според него, загрижувачки е бројот на случаи на полициско насилство врз медиумски работници, кои сочинуваат 7 од евидентираните 17 случаи (41%).

ИНФОКУС: 32 години од уривањето на бистата на диктаторот Енвер Хоџа
„Пред 32 години, на 20 февруари 1991 година во Албанија десетици илјади граѓани станаа да го урнат симболот на комунизмот, неколку месеци откако стариот режим, кој ги живееше последните денови, дозволи политички плурализам“, потсетува албанскиот медиум Инфокус.

ЕПОКА Е РЕ: Блинкен не се сретна со Османи и Курти, Красниќи: Лош аларм за двајцата
„Универзитетскиот професор Милазим Красниќи реагираше откако претседателката Вјоса Османи и премиерот Албин Курти не се сретнаа со американскиот секретар Антони Блинкен на безбедносната конференција што се одржува во Минхен.

Красниќи вели дека ова може да се протолкува како незадоволство на САД од политиката што ја следат Османи и Курти.“, пренесува косовскиот дневник Епока е Ре.

БОТА СОТ: Што се знае досега за случајот Дехари, исчезнувањето на мострите кај ИМЛ и обвинувањата на Абази
„Смртта на Астрит Дехари во притворската ќелија на 5 ноември 2016 година и понатаму останува нерешена мистерија. Министерката за правда Албулена Хаџиу на 8 декември 2022 година соопшти дека исчезнале доказите во случајот со смртта на Астрит Дехари.

Министерството за правда тогаш објави дека суспендирало четворица службеници на ИМЛ во врска со случајот.“, пренесува косовскиот дневник Бота Сот.

КДП: Малиот Русин, Емир Кустурица
„Кустурица не може да патува во САД, во Холивуд, а му е забранет влез во некои земји, како што беше случај, на пример, на фестивал во Украина. Кустурица како еден од најдобрите режисери на Балканот го загуби некогашниот имиџ и углед. Сега тој е режисер и сценарист кој работи по агенда и диктат на српската влада.“, извадок од колумната „Малиот Русин Емир Кустурица“ од авторот Мерџан Јакупи, објавена во македонскиот интернет портал на албански јазик КДП.

Д. Тахири (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен