Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Италија се соочува со закана од нова суша по уште една зима без дожд

Сувата зима во последните недели во Италија, со помалку од половина од вообичаените снежни врнежи на Алпите за оваа сезона, ги зголеми стравувањата од нова суша по вонредната состојба прогласена минатото лето, предупредуваат научниците и групите за заштита на природата.

„Количината на вода во италијанските реки и езера е целосно недоволна“, соопшти денеска еколошката групација Легамбиенте, нагласувајќи ја ситуацијата во северна Италија.

Нивото на реката По, која е најдолга во Италија и се протега од Алпите на северозапад до Јадранското Море, е 61 отсто под нормалата за овој период од годината, се вели во соопштението на организацијата за заштита.

Во јули минатата година, Италија прогласи вонредна состојба во областите околу реката, кои сочинуваат околу една третина од обработливото земјоделско земјиште во земјата и кои страдаат од најтешката суша во последните 70 години.

– Ситуацијата со недостиг на вода во која се наоѓаме се влошува од зимата 2020-2021 година, рече експертот за клима Масимилијано Паскуи од Италијанскиот институт за научни истражувања, цитиран од дневниот весник „Кориере дела сера“.

-Ни требаат 500 mm во северозападните региони, ни требаат 50 дена дожд, додаде тој.

Нивото на водата на езерото Гарда во северна Италија е на рекордно ниско ниво, поради што до малиот остров Сент Бјаџо во езерото може да се стаса по патеката што се формирала.

Поради антициклонот што преовладува над Западна Европа во последните 15 дена, температурите се поумерени, што е потипично за доцна пролет. Сепак, според прогнозите, во наредните денови се очекува на Алпите да почнат толку потребните врнежи од дожд и снег

Зачлени се на нашиот е-билтен