Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Си Џинпинг: Одлучно да се спречи секој обид за одвојување на Тајван

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска најави дека Пекинг мора одлучно да спречи секој обид за одвојување на Тајван од Кина.

На симпозиум по повод 130-годишнината од раѓањето на поранешниот кинески лидер Мао Це Тунг, Си рече дека татковината „мора и неизбежно ќе се обедини“, јави кинеската новинска агенција Синхуа.

Според официјалниот став на Пекинг, кој го поддржуваат повеќе земји, Тајван, кој има своја администрација, е еден од регионите на Народна Република Кина.

Зачлени се на нашиот е-билтен