Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО „Полиграф“: Кој портал пренесе пропагандни дезинформации на Ритер за украинската армија?

На 14.12.2023 во текстот на порталот „А1он“ „Ритер: Руската армија е најдобра на планетава“ се истакнува следново тврдење на т.н. „американски аналитичар“: „Нема вооружени сили на планетата кои имаат исто искуство како руската. Украинската армија можеше да има слично искуство, но сите се мртви“.

Но, не станува збор за „аналитичар“, туку за неверодостоен извор кој постојано шири дезинформации експлоатирани од пропагандата на Кремљ. Пропагандните дезинформации на Ритер се дебанкирани од повеќе проверувачи на фактивклучително и во Србија, каде што руските медиуми Спутник и РТ редовно шират дезинформации од Ритер.

Најновата воено-пропагандна дезинформација на Ритер е дека „сите се мртви“, реферирајќи на вооружени сили на украинската армија. Но, и светските медиуми, а и руските медиуми секојдневно известуваат за воени дејства на украинската армија по линија на фронтот, која и според руски извори нема значителни промени во последната година.

И според рангирањето на „Глобал Фајарпауер“ за 2023 година, украинската армија е 15-та воена сила во светот, што е скок од 22 место во 2022, и 25 место во 2021 година.

Затоа, тврдењето дека сите војници од украинската армија наводно биле мртви, го оценуваме како пропагандна дезинформација. Медиумите имаат обврска да ги проверуваат информациите пред објавување и да не шират дезинформации од неверодостојни извори.

(СМК)

Најново