Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Британска морнарица: Експлозии во близина на брегот на Јемен во Црвеното Море

 Британските поморски власти денеска соопштија дека имало две експлозии во близина на брегот на Јемен во Црвеното Море. До нив дошло откако се забележани дронови и проектили во два одвоени инциденти.

Два дрона беа забележани непосредно пред првата експлозија, која се случи на околу пет наутички милји оддалеченост од едно од пловилата, кое беше на 50 наутички милји западно од јеменскиот крајбрежен град Ходеј.

Во одделен инцидент, се случила експлозија и биле забележани проектили на околу четири наутички милји од бродот на 60 милји од Ходеја.

Како што е наведено, не е јасно дали истиот брод бил вклучен во двата инцидента, бидејќи и двата брода остануваат неидентификувани.

Не се познати ниту детали за тоа каков товар превезувале пловилата, ниту во кој правец се движеле. Британските власти не соопштија од која насока летале беспилотните летала или проектилите биле истрелани.

Инцидентите се случија една недела откако САД најавија започнување меѓународна иницијатива за поморска безбедност во Црвеното Море, како одговор на нападите на јеменските Хути врз бродови во морето. п

Зачлени се на нашиот е-билтен