Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, вечер во 20 часот ќе биде отворена изложба со која се одбележува јубилејот 10 години од воведувањето на предметот Фотографија и одделот Мултимедија.
Уметничко училиште со гордост ќе го претстави изборот на најдобри дела создавани изминативе 10 години, а тоа се фотографии, дигитално креирани дела, анимации и видеа.
-Средното уметничко училиште следната 2024-та ќе прослави голем јубилеј, 80 години од основањето. Во своето постоење неколку пати сменило наставни планови, а последен пат 2013-та, кога се воведени предметите Видео и звук, Анимација, Медиски форми, Дигитална уметност и Фотографија. За жал, се уште без посебен закон за уметничко образование е третирано како таксативно набројано училиште во системот на образование, наведуваат од Училиштето „Лазар Личеноски“.