Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Десетици Палестинци загинаа во израелските напади ширум Газа

 – Израелските сили бомбардираа градови и бегалски кампови низ Појасот Газа, при што во воздушните напади и копнената офанзива против Хамас загинаа десетици луѓе.

Офанзивата се прошири на поголем дел од таа палестинска територија и принуди уште илјадници жители да побегнат во засолништа.

Израел ги отфрли меѓународните повици за прекин на огнот, тврдејќи дека тоа би претставувало победа за Хамас.

САД обезбедија клучна поддршка за офанзивата, но го повикаа Израел да преземе дополнителни мерки за да ги поштеди цивилите и да дозволи да се достави поголема помош.

Хуманитарните работници, сепак, велат дека испораките на храна, гориво и лекови се многу помалку од она што е потребно и дека секој четврти Палестинец гладува.

Најново