Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Светското население годинава зголемено за 75 милиони луѓе, на 1 јануари ќе надмине 8 милијарди

Светската популација се зголеми за 75 милиони луѓе оваа година, а на 1 јануари ќе надмине осум милијарди луѓе, според податоци од Бирото за попис на САД.

Растот на светската популација за изминатата година беше нешто под 1 процент. Како што почнува новата година, се очекуваат во просек 4,3 раѓања и два смртни случаи во секунда, покажуваат проекциите на Бирото за попис на САД.

Стапката на раст на населението во САД минатата година беше 0,53 отсто, што е половина од стапката на меѓународно ниво. Населението на САД е зголемено за 1,7 милиони луѓе, а во новата година земјата ќе има население од 335,8 милиони луѓе.

Ако сегашната стапка на раст на населението продолжи до крајот на деценијата, тоа би можело да биде декада со најбавен раст на населението во историјата на САД, со проектирана стапка на раст помеѓу 2020 и 2030 година од под 4 проценти. Тоа го посочува Вилијам Фреј, експерт за демографија во американскиот тинк-тенк за јавна политика, Институтот Брукингс.

Деценијата со најнизок раст на населението во САД досега е четвртата од минатиот век, која беше погодена од последиците на Големата депресија. Тогаш стапката на раст беше 7,3 отсто.

Зачлени се на нашиот е-билтен