Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вооружени напаѓачи нападнаа забава во северно Мексико, шест присутни загинаа, 26 се повредени

Тројца вооружени мажи рано изутрината упаднале на забава во градот Сиудад Обрегон во северниот дел на Мексико, отвориле оган кон присутните и убиле шестмина од нив, а повредиле 26 други.

Меѓу загинатите, двајца се помлади од 18 години, а пет се деца. Четворица од повредените се во критична состојба и се примени во локалните болници, додека 13 добиле медицинска помош и се пуштени дома.

Обвинителите во мексиканската држава Сонора, која се граничи со САД, рекоа дека убиствата всушност биле напад врз член на нарко картел кој се барал за убиство и други злосторства. 

На забавата имало уште еден напаѓач, кој им се придружил на другите тројца кога упаднале внатре. Осомничениот член на нарко картелот се обидел да им побегне, но бил убиен. Напаѓачите успеале да побегнат.

Во Сонора често има крвави судири меѓу мексиканските нарко картели.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново