Палестинските терористички организации ја поздравија Јужна Африка за поднесувањето тужба против Израел пред највисокиот суд на ОН, јави ДПА.
Ова е важен чекор кон владата во Израел која е одговорна за војната во Газа, се вели во денешното соопштение на исламистичката милитантна група Хамас.
Јужна Африка вчера го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Појасот Газа и поднесе тужба до Меѓународниот суд на правдата на ОН (МСП) во Хаг, барајќи прекин на борбите.
– Израелските лидери се криминалците на ова време кои ги извршија најужасните масакри што човештвото ги видело во модерната историја, наведе Хамас кој е на власт во Газа.
Војната во Газа почна по бруталните терористички напади на Хамас и другите групи против Израел во израелските погранични градови на 7 октомври, при што загинаа 1.200 луѓе, вклучително и повеќе од 300 на музички фестивал на отворено.
Израел, преку портпаролот на Министерството за надворешни работи, Лиор Хајат, ја осуди и отфрли жалбата на Јужна Африка.
– Јужна Африка соработува со терористичка организација која повикува на уништување на државата Израел, напиша портпаролот на Министерството за надворешни работи Лиор Хиаит на Х.