Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Новогодишно обраќање на Си: Обединувањето на Кина со Тајван е неизбежно

Обединување со Тајван е неизбежно, рече кинескиот претседател Си Џинпинг во новогодишното обраќање, со поодлучен тон од минатата година и на помалку од две недели пред островот да избере нов лидер.

Претседателските и парламентарните избори на 13 јануари ќе се одржат во услови на заладени односи меѓу Пекинг и Тајпеј.

Кина го смета Тајван за своја „света територија“ и никогаш не ја отфрли можноста за употреба на сила за да го врати под своја контрола, иако Си не ја спомна заканата од воена акција во говорот емитуван на државната телевизија.

– Обединувањето на татковината е историски неизбежно, рече Си.

Кинескиот претседател во својата новогодишна порака рече и дека Кина тесно ќе соработува со меѓународната заедница за постигнување општо добро на човештвото и светскиот мир и да се направи светот подобро место за сите.

Во својата новогодишна честитка, Си му посака на светот мир и спокојство.

Тој посочи дека Кина ќе продолжи по патот на економскиот напредок во 2024 година, кој започна во текот на изминатата година по пандемијата на Ковид-19, и оцени дека кинеската економија е поотпорна и подинамична од претходно. 

Зачлени се на нашиот е-билтен