Палестинското Министерство за здравство на Хамас денеска соопшти дека 21.978 луѓе загинале во израелските воени операции во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври.
Во оваа бројка се и 156 луѓе кои загинаа во последните 24 часа, соопшти Министерството.
Како што се додава, од 7 октомври досега на таа палестинска територија се повредени 57.697 луѓе.