Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски соопшти дека во последните руски напади загинале четири лица, 92 се повредени

– Четири лица загинаа, а 92 се повредени во руските ракетни напади утринава врз Киев, Киевската област и Харков, соопшти претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Тој на Твитер напиша дека повеќе од 500 спасувачи и членови на итната помош продолжуваат да работат на местата кои биле цел на нападот.

Според Зеленски, од 31 декември Русија истрелала 170 дронови „Шахед“ и десетици проектили од различен тип кон Украина, а „апсолутното мнозинство од нив биле насочени кон цивилната инфраструктура“.

Зачлени се на нашиот е-билтен