Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

На островот Лампедуза пристигнаа 147 мигранти, први за 2024 година

Четири чамци со вкупно 147 мигранти и бегалци се закотвија на малиот италијански остров Лампедуза, со што станаа првите што пристигнаа оваа година, објави италијанската новинска агенција АНСА.

По транспортот на 650 лица од островот, 352 баратели на азил утринава остануваат во привремениот центар за сместување мигранти.

По наредба на префектурата Агриџенто, 300 лица подоцна денеска со патнички траект ќе бидат превезени до Порто Емпедокле на островот Сицилија.

Според информациите на италијанското Министерство за внатрешни работи, во земјата во 2023 година влегле 155.754 мигранти, меѓу кои повеќе од 17.000 малолетници без придружба.

Ова претставува зголемување од 50 отсто на бројот на пристигнувања, кои во 2022 година биле 103.846.

Зачлени се на нашиот е-билтен