Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Повеќе од 6.600 мигранти загинаа во 2023 година на морскиот пат кон Шпанија

 Повеќе од 6.600 мигранти загинаа минатата година обидувајќи се да стигнат до Шпанија со брод, според шпанската непрофитна организација „Каминандо Фронтерас“.

Во 2022 година организацијата забележа дека загинале 2.390 луѓе.

Минатата, 2023 година, беше најсмртоносната година од 2007 година, кога се води евиденција, велат тие.

Повеќето луѓе, од кои 6.618, загинаа на таканаречената атлантска рута, на потегот од западноафриканскиот брег до шпанските Канарски острови.

Меѓу нив имало 363 жени и 384 деца. „Каминандо Фронтерас“ собира податоци од семејни сведоштва и статистика за спасување.

Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека до бреговите на земјата со брод стигнале рекордни 55.618 мигранти. Тоа е речиси двојно повеќе од 2022 година, а повеќето од нив дојдоа преку Атлантската рута. 

Зачлени се на нашиот е-билтен