Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фајон: Мешањето на Москва во процесите во Србија е многу загрижувачко, Русија нема да застане на Украина

Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон изјави дека мешањето на Москва во внатрешните процеси на некои земји од Западен Балкан, како Србија, е многу загрижувачко, бидејќи постојат стравувања дека Русија нема да запре на војната против Украина.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Фајон рече дека „има сериозни стравувања дека Русија не може да запре само во војната во Украина“ и додаде дека руското политичко мешање „може да се види во одредени земји од Западен Балкан“.

– Тоа е, се разбира, многу загрижувачко. Она што го гледаме во Србија или во Република Српска, со дезинформации, руска пропаганда и мешање. И затоа мораме да ја запреме оваа војна (во Украина). Мораме да се бориме за праведен и траен мир за Украинците. Тоа е наша заедничка одговорност, изјави Фајон. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен