Во големите германски градови со денови се организираат демонстрации против екстремната десница, пред се против се попопуларната АфД
Демонстрациите против екстремната десница организирани денеска во Минхен беа прекинати поради преголемиот број луѓе на улиците, јавија германските медиуми.
Организаторите најавија дека на тој протестен марш дошле над 50.000 луѓе, што е двојно повеќе од пријавениот за него. Според други проценки, таа бројка е уште поголема.
Во големите германски градови со денови се организираат демонстрации против екстремната десница, пред се против се попопуларната АфД.
Се почести се барањата за забрана на партијата, која го користи незадоволството од даночните реформи на актуелната влада за да ја популаризира својата антиимигрантска политика. (МИА)