Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бајден и Трамп убедливо победија на примарните избори во нивните табори во Њу Хемпшир

Доналд Трамп е победник на примарните републикански избори во Њу Хемпшир додека претседателот Џо Бајден е прв во таборот на демократите како кандидат кој беше впишан од избирачите.

Убедливата победа на поранешниот претседател го прави уште поверојатен повторниот дуел меѓу него и Бајден на претседателските избори во ноември.

Според речиси половина од преброените гласови во проценка на „Ашосиејтед прес“, Трамп доби 53 отсто од гласовите наспроти противкандидатот Ники Хејли која заостанува со 46 отсто.

Бајден не одржа кампања во Њу Хемпшир и неговото име не беше ставено на гласачкото ливче, по отпорот на државните власти кон новите правила на Демократската партија првите примарни избори да се одржат во Јужна Каролина.

По крајот на изборите Хејли вети дека ќе ја продолжи нејзината кампања на следните републикански примарни избори кои се одржуваат на 24 фебруари. Во неговиот говор по крајот на изборната ноќ, Трамп изрази незадоволство околу тоа. Уште повеќе, затоа што таа има шанса за понатамошна поддршка од републиканските спонзори и поддржувачи ако разликата меѓу Трамп и неа е едноцифрена.

Од демократскиот табор Бајден освои 67 отсто од досега преброените гласови, на второ место е конгресменот од Минесота Дин Филипс со 20 отсто, додека авторката Мириам Вилијамсон доби 3.7 отсто од гласовите.

Зачлени се на нашиот е-билтен