Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Калеска Ванчева: Идејата за Европска Македонија која ја предводи СДСМ и коалицијата ќе победи и ќе прави влада

„Секогаш сме имале јасна визија и сме велеле дека од нас зависи дали ќе ја завршиме нашата домашна задача и дали ќе ја реализираме  нашата визија уште од 1991 година. Идејата за Европска Македонија која ја предводи СДСМ и коалицијата ќе победи и ќе прави влада“, порача пратеничката Снежана Калеска Ванчева од СДСМ, во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24.

„Ние не отстапуваме од она што го направивме и она што го нудиме, затоа што тоа е реално за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои велат ќе видиме, ќе договориме нешто, нашата понуда е јасна. За францускиот предлог- европската  рамка никој не вика дека е најидеална, тоа е компромис и тврдам дека го направивме заради доброто за сите граѓани, за најдоброто на државата,  нешто што беше можно единствено така“, рече Калеска Ванчева.

Таа се осврна на предлозите од 2008 година кога тогашната власт која немајќи храброст, при други предлози  како име за внатрешна употреба, но тогаш владата на Груевски  се изјасни со НЕ и секоја наредна година  имаше сè полоши предлози.

„Сосема очекувано и нормално е претседателот на СДСМ, Ковачевски да се среќава со лидери на други политички  партии ако се има допирни точки. Ваквата средба не е и не претставува ништо невообичаено. Дали значи тоа заеднички листи и коалиции тоа беше кажано и претходно, сеуште е рано, течат разговори, преговори, тоа е одлука која ке ја донесе највисокиот орган на партијата“, рече Калеска Ванчева во врска со средбата Ковачевски –Таравари.

Калеска посочи дека СДСМ соработува со сите политички партии кои се за европска  иднина на нашата држава.

Во однос на тоа дали некоја политичка  партија има некоја фракција таа посочи дека тоа е  работа на конкретната политичка партија. Како и дека СДСМ никогаш  не се занимавал со состојбите внатре во друга партијата.

„Овие месец дена уште позасилен е наративот дека СДСМ е потчинет, дека ние сме кираџии во сопствената кука. Тоа е навистина толку небулозно и треба да сфатиме дека сме парламентарна демократија и мултиетничко општество и на избори народот кажува кој ке прави влада. Не е работата некој да биде потчинет, а некој надреден. Треба да сфатиме дека имаме заедничка одговорност и ако имаме коалициона влада, сите имаат одговорност“, рече пратеничката од СДСМ Калеска Ванчева. 

За претседателот Талат Џафери, посочи дека тој има свој придонес во функционирањето на собранието и тоа во навистина тежок период, во време на пандемија, во време на економска и енергетска криза кога многу работи требало да поминат на собрание, а од друга страна имаше  и активна блокада од ВМРО -ДПМНЕ , но сепак и покрај тоа се собранието успеа да донесе клучни закони и мерки за граѓаните и општеството.

Таа се наврати и на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, дека ако е потребно и 100 години ќе чекаме за влез во ЕУ.

„Зарем тоа е иднината која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ? Со помош на ЕУ, со помош на САД, тогаш ќе се обидеме со нешто ново и нова преговарачка рамка. Дали сметате дека до оваа рамка се стигна без ЕУ и САД, знаете дека не е така. Доаѓаат пораки од ЕУ кои велат дека нема друга преговарачка рамка“, додаде Калеска Ванчева обраќајќи се до соговорникот – пратеникот Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24.

Во врска со договорот со Бугарија таа посочи дека никој не вели дека сите отворени прашања кои историски ги имаме со Бугарија  ќе се избришат веднаш со гума и нема да постојат, но со самото отворање на поглавјата, чекор по чекор, позицијата е сосема друга, а за наративите на некои бугарски политичари дека се тоа нивни наративи.

Таа посочи и дека прашањето со јазикот е затворен, договорот на ФРОНТЕКС е потпишан на македонски јазик, тоа го потврдува и дека и во Брисел се користи македонскиот јазик, како и дека не е разбирливо зошто упорно се тврди дека оваа преговарачка рамка и наштетува на нашата држава.

Зачлени се на нашиот е-билтен