Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Да се зајакне гласот на Ромите во делот на политичкото учество во фокус на Фондацијата „Роми за демократија“

„Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“, е настан што ќе се одржи утревечер во Филхармонија, е и почетен настан што го организира Фондацијата, како иницијатива за справување со политичките приоритети и политичките предизвици со што се соочува ромската заедница.

Да се зајакне гласот на Ромите во делот на политичкото учество, изјави денеска извршната директорка на Фондацијата „Роми за демократија“, Селвије Мустафи Алкан.

Таа рече дека Фондацијата „Роми за демократија“ моментално ги развива своите идеи. Меѓутоа, еден главен фокус на што ќе се насочат е „иницијативата за водење кампања за изборен интегритет, што ќе се однесува непосредно пред изборите, за да се зајакне гласот на Ромите во делот на политичкото учество“.

Таа ја даде изјавата по разговор со медиумски работници за стратешкиот патоказ за иднината на Ромите и на македонското општество.

Како што појасни, Фондацијата „Роми за демократија“ има за цел, пред сѐ, да го зајакне демократското учество на Ромите во општеството, да ја зајакне заедницата во делот на политичка едукација, со тоа и во политичко учество, понатаму и во политичка репрезентација и да се работи, не само во јакнењето на граѓанските, туку и на политичките права на заедницата.

Ромите во Северна Македонија ги трпат последиците од политиките кои се спроведуваат по Охридскиот Рамковен договор кој резултира со политичка маргинализација и последователно, неправда и исклучување. Ова е заклучок од денешната средба на претставници на Фондацијата Ромите за Демократија со новинарите.

Акиф Кариман

На појадокот во хотел Парк, извршниот директор на Фондацијата во Македониј, Селвије Мустафи Алкан, го најави утрешниот настан насловен како ,,Добро за Ромите, добро за Северна Македонија”, кој ќе се одржи во Македонската Филхармонија.

„Како што се доближуваме до изборите во 2024 година, Фондацијата Ромите за демократија – членка на пан-Европската мрежа околу новоформираната Фондација Ромите за Европа, со посебна улога да го унапреди политичкото учество на Ромите, го организира овој настан како почеток на иницијатива за справување со овие предизвици. На престојните избори, Фондацијата ќе ги предводи напорите за решавање на итните прашања поврзани со ромската заедница. Преку остроумни говори на ценети лидери, настанот го исцртува стратешкиот пат кон напред, препознавајќи ја внатрешната врска помеѓу просперитетот на Ромите и благосостојбата на нацијата. Премостувајќи ги локалните и меѓународните перспективи, овие истакнати говорници ќе придонесат за прецизно разбирање на проблемите кои постојат и ќе инспирираат колективни решенија”, вели Мустафи Алкан.

На појадокот говореше и Андријано Џеладин, главен уредник на Политички Контрапункт Подкаст. Според него, овој настан претставува светилник за почеток на промените кои ќе бидат и во полза и на Ромите и на Северна Македонија.

„Стремеж на Фондацијата е да се поддржат најкредибилните и најкомпетентните лица од ромската заедница, не само во Северна Македонија туку и низ Европа“, потенцираше Џеладин.

Дополнително, на утрешниот настан ќе се одржи и концерт на Роми: Силата на природата“, покажувајќи ја трансформативната моќ на културната дипломатија. Концертот „Хармонизирање на нациите: Ромите – пулсот на единството на Западен Балкан” ја слави отпорноста на Ромите и нивната интегрална улога во обликување на европскииот наратив. Покрај музиката, настанот служи како доказ за клучниот придонес на Ромите во европската интеграција, нагласувајќи ја нивната улога во поттикнување на различноста и единството. Преку богата програма која отсликува живописни портрети на љубовта, издржливоста и културната величественост, концертот ги отелотворува заедничките аспирации на Ромите и Северна Македонија за просперитетна иднина.

Д. М. (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново