Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Светските лидери во Минхен на годишната безбедносна конференција

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска официјално ќе ја отвори 60-та Минхенска безбедносна конференција, на која се очекува да учествуваат околу 50 светски лидери.

На конференцијата учествуваат и претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, техничкиот премиер Талат Џафери и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Како што јави ДПА, главните теми на агендата на безбедносната конференција се тековните конфликти во Украина и во Појасот Газа.

Американската потпретседателка Камала Харис се очекува да се обрати на тридневната конференција на денот на отворањето. Утре се очекува да зборуваат и германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На конференцијата ќе присуствуваат и израелскиот претседател Исак Херцог и министерот за надворешни работи Израел Кац, заедно со високи претставници од палестинската управа, Саудиска Арабија, Катар, Египет и Јордан.

Клучно прашање што се очекува да се разговара на маргините е исходот од изборите на 5 ноември во САД и што ќе се случи доколку поранешниот американски претседател Доналд Трамп биде реизбран.

Во делегацијата од конгресот на САД се повеќе од 30 претставници меѓу кои и членови на Републиканската партија на Трамп.

Руските и иранските власти не се поканети на овогодишната Минхенска безбедносна конференција.

Зачлени се на нашиот е-билтен