Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албански медиуми: Формирана е федерација на здружена опозиција во Албанија; тендерот за меморијалниот комплекс „Адем Јашари“ заврши на суд; во Косово отворена изложба на за животот и делото на Адем Демачи

Во Албанија, се формира федерацијата на здружена опозиција по принципот – различни, но со заедничка цел, за европска Албанија.

Институтот за наука и технологија во Косово денеска  ќе одржи конференција за медиуми, по повод поднесувањето на тужбата и барањето за одложување на извршувањето на Решението на БЈБ, во Стопанскиот суд.

Како што е најавено, на оваа конференција ќе се одразат прекршувањата на Министерството за култура, млади и спорт и на Телото за преглед на набавки, поврзани со тендерот „Изработка на мастер план за меморијалниот комплекс „Адем Јашари“ вреден три милиони евра.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Панорама: Формирана е федерација на здружена опозиција

„По спојувањето на двете опозициски групи, Ритемелим  и групата на Газмент Барди, денеска се очекува да биде потпишан договорот со другите опозициски партии за создавање на Обединетата опозициска федерација.

Денешниот договор предвидува институционализација на Федерацијата на здружената опозиција, по принципот „Иако сме различни, имаме заедничка цел, изградба на европска Албанија“, која ги вклучува сите релевантни парламентарни и опозициски политички фактори, кои опозициски однос и соработка, го ценат како обврска а не договор со кој се овластува власта и противуставност.“, пренесе Панорама.

Топ Чанел: Италијанскиот Сенат даде зелено светло со 93 гласа за договорот Рама-Мелони за имигрантите

Сенатот со 93 гласа „за“ и 61 „против“ даде зелено светло на предлог-законот за ратификација на протоколот Италија-Албанија.

Протоколот, силно поддржан од премиерот Џорџија Мелони, како дел од имиграциската политика на десничарската влада, предвидува формирање камп во пристаништето Шенѓин и внатрешен CPR кај Ѓадер, пренесе Топ Чанел.

КОСОВО

Зери: Тендерот од три милиони долари за меморијалниот комплекс „Адем Јашари“ заврши на суд

Тримилионскиот тендер за меморијалниот комплекс „Адем Јашари“ ќе заврши во Комерцијалниот суд,  соопшти Институтот за наука и технологија ИНСИ ДООЕЛ, преку соопштение до медиумите.

ИНСИ денеска  ќе одржи конференција за медиуми, по повод поднесувањето на тужбата и барањето за одложување на извршувањето на Решението на БЈБ, во Стопанскиот суд.

Како што е најавено, на оваа конференција ќе се одразат прекршувањата на Министерството за култура, млади и спорт и на Телото за преглед на набавки, поврзани со тендерот „Изработка на мастер план за меморијалниот комплекс „Адем Јашари“ вреден три милиони евра, пренесе Зери.

Клан Косова: Архивот на Косово отвора изложба посветена на животот и делото на Адем Демачи

Во рамките на одбележувањето на 16-годишнината од независноста, Државната архива на Косово организира изложба со архивски документи „Адем Демачи: Ќе умрам кога сакам“.

Изложбата, која ќе се одржи денеска во Националната библиотека на Косово од 12 часот, ќе биде посветена на животот и делото на дејноста Демачи, пренесе Клан Косова.

КОЛУМНА

Коха: Лакмусов тест на Албин

„Денеска ВВ ја има златната можност да не убеди дека нивната посветеност на интегритетот на институциите била само политички маневар, а не возвишена вредност. КПМ е лакмусов тест на Албин во самите негови зборови: никогаш не е доцна да се посрамотиме.“, пишува авторот  Демуш Шаша во колумната Лакмусов тест на Албин, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново