Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Блинкен: Израел има „исклучителна“ можност да се интегрира на Блискиот Исток

 Во следните месеци Израел има „огромна можност“ да се интегрира на Блискиот Исток бидејќи арапските земји се подготвени да ги нормализираат односите со таа држава, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Зборувајќи на панел на Минхенската безбедносна конференција, Блинкен, исто така, ја истакна „итната“ потреба да се придвижи кон создавање палестинска држава што исто така ќе ја гарантира безбедноста на Израел.

Во пораката насочена кон Израел, Блинкен рече дека смета дека „има извонредна можност за Израел во месеците што следат еднаш засекогаш да го прекине тој циклус“ на насилство.

„Има нови факти што претходно не постоеја“, рече тој на Минхенската безбедносна конференција.

„Почнувајќи од фактот дека практично секоја арапска земја сега генерално сака да го интегрира Израел во регионот, да ги нормализира односите ако веќе не го сториле тоа, да создаде безбедносни гаранции и обврски, за Израел да се чувствува посигурен. “

„Во тек се вистински напори за реформирање на палестинската управа, која ја има власта на Западниот Брег, но не и на Газа со која владее Хамас“, рече Блинкен.

Германската министерка за надворешни работи Бербок рече дека за да има решение со две држави, мора да бидеме сигурни дека нема да се повтори 7 октомври, кога радикалната група Хамас го нападна Израел. 

Зачлени се на нашиот е-билтен