Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Камерон: Ќе преземеме одредени мерки поради смртта на Навални

 Велика Британија ќе преземе одредени мерки поради смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и ги повикува другите земји да го сторат истото, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон.

„Кога ќе се случат ужасни прекршувања на човековите права како ова, треба да има последици. Сега бараме поединци кои се одговорни, ја разгледуваме можноста да преземеме одредени мерки, изјави Камерон за „Скај Њуз“.

Западните лидери и официјални претставници изразија гнев поради смртта на Навални, најжестокиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера таа реакција ја нарече неприфатлива.

Руската затворска служба вчера соопшти дека Навални (47) колабирал и починал по прошетка во казнената колонија на Арктикот, каде отслужуваше 30-годишна затворска казна.

Зачлени се на нашиот е-билтен