„Традицијата на дисиденството во Русија е многу поразлична од традицијата на политички опозиционери. Во Русија последите 100 години има неколку години период на демократија, после Горбачов, но традицијата на дисиденството е подолга и читав неколку есеи посветени на анализата на феноменот на Навални бидејќи тој од опозиционер всушност се претвори во дисидент што во руските општествени, културни, политички контекст има потполно друго значење. Дури не е ни важно како е човекот починат, но факт е дека неговата смрт е во рацете на државата, без разлика како и што се случило, таа е резултат на постапките на државата“, изјави аналитичарот Сашо Орданоски на поткастот „Политиканти“ на Слободен Печат.
Тој додаде дека според добрите познавачи на руските околности Навални никогаш немал шанса да биде вајабилна сериозна опција за руската политика.
„Тој навистина на минатите градоначалнички избори во Москва освои 27% и тоа беше огромно изненадување и шок за Путин. Но, никогаш наскоро не би се случиле нешто слично на тоа. Неговото убиство, убиствата и разноразни начини на елиминации на каква било шанса во Русија. Не е работата дали бил сериозен предизвикувач на Путин. Не бил и не можел да биде. Туку не смее да има некој којшто би го предизвикал Путин па макар и од затвор од најдалечниот Север кај што нема ни муви а не пак опозиционери на мислења“, заклучи Орданоски.
„Би сакал да прочитам една статистика за да знаеме во која фаза се рејтинзите на политичарите ширум светот. Од демократските земји, на Рендра му оди во Индија и има 77 отсто поддршка, којшто е националист, којшто е тргнат во многу опасни антиисламистички, тоа страшно ескалираше во Индија во последните 4-5 години. Војната со Пакистан се уште трае. Меѓутоа, во самата Индија се случува драматички политички развој во смисла на национализам. Донал Туск има 50% поддршка во Полска. Тој така и победи“, вели Орданоски.
Тој додаде дека Антони Албанези во Австралија 45% поддршка, во Италија Џорџа Мелони 44%, Педро Санчез од Шпанија 38%, Бајден во моментот има 37% за кој мисли дека ќе го зголеми рејтингот, Џастин Трудо во Канада 35%. Во европските земји, Швеѓанецот Kристенсен 33% поддршка, Сунак во Британија има 27 отсто, додека Макрон има 24 отсто. Шолц 20% подддршка. Путин има 85 отсто поддршка.
„Русите го сакаат Путин, го сакаат начинот на којшто тој владее. Добри две третини од руското општество го сака начинот на којшто владее Путин во што спаѓа и елиминација на противници. Па дали е тоа Пригожин, на кој му го сруши авионот или ќе го отруе Навални“, заклучи Орданоски.