Илјадници земјоделци протестираат во Варшава, со нив се рудари и автопревозници

Илјадници полски земјоделци излегоа денеска на улиците на Варшава во знак на протест против земјоделската политика на Европската унија и увозот на евтина храна од Украина.

Насобраните бараат полската влада да се повлече од „Зелениот договор“ на Европската унија – план кој, меѓу другото, има за цел борба против климатските промени преку намалување на употребата на пестициди, пренесуваат полските медиуми.

Претседателот на синдикатот на земјоделски организации Славодмир Издебски истакна дека заедно со земјоделците во полската престолнина дошле и рудари од синдикатот „Август 80“, автопревозници и други незадоволни работници.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?