Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

[Видео] Не е точно дека Мицкоски бил претставен дека доаѓа од Македонија на ЕПП, го најавија со уставното име Северна Македонија

Одредени портали блиски до ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ја искриват вистината и со лажна вест и монтирано видео да прикажат дека при најавата на Христијан Мицкоски на конгресот на Европската народна партија (ЕПП) било искористено само името Македонија, сепак официјалното видео од преносот на конгресот покажува дека тој е најавен со уставното име на земјата – Северна Македонија.

Монтираното видео се појави на неколку портали кои шират пропаганда за опозициската партија, а веројатно со цел да донесат некој поен плус пред престојните парламентарни и претседателски избори.

Од официјалното видео на конгресот на ЕПП и од преносот во живо може да се види дека најавувачката го кажа целосното име на државата, Северна Македонија, но проблем имаше со презимето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој наместо Мицкоски беше претставен како Микоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен