Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Георгевски: Францускиот предлог за Македонија е добро решение, непотребно е да застанеме и да не одиме по патот на ЕУ

„Очигледно изгледа за нерешлив ама сами си го правиме таков, јас навистина сметам дека, бугарската политика, имаше негативна позиција со она 45-та и после 45-та година, меѓутоа после дојде Францускиот предлог кој сметам дека за Македонија понуди добро решение, а за бугарската политика излезно решение, а тоа е темата од само и само историја, да се префрли на малцинските права“, вели лидерот на ВМРО-Народна, Љубчо Георгевски, за уставните измени со кои бугарите би се внеле како малцинство во Уставот на Република Северна Македонија.

Тој смета дека Македонија во 30 години независност имала многу големи проблеми пред себе,  решавала тешки задачи, и и се поставувале тешки обврски.

„Ова сега од сите тие проблеми што сме ги надминале за мене не е ни проблем. Незнам зошто некои структури во Македонија и политички и интелектуални и новинарски,  прават проблем каде што го нема. Пак ќе кажам, навстина сметам влезот на Бугарите, Хрватите, Евреите и др. заедници, не е никаков проблем и не гледам потреба по 2 години од францускиот предлог и она што пред нас се нуди. Сметам дека е премногу непотребен луксуз за Македонија застане овде и да не оди по патот на ЕУ“, рече лидерот на ВМРО-Народна, Љубчо Георгевски, за уставните измени со кои Бугарите би се внеле како малцинство во Уставот на Република Северна Македонија.

Зачлени се на нашиот е-билтен