Од извори на ДПМНЕ дознаваме дека заради контрадикторните настапи на медиуми, како што беа изјавите дека не бил асистент на татко ми, а пред неколку години кажа дека бил, како и заради немањето одговор на прашањето кој е планот на ВМРО за европската интеграција на земјата, ПР агенциите кои ги ангажирала партијата му советувале дека за да не си го расипе рејтингот најдобро му е да не се појавува често во јавност, иако кампањата само што не почнала и сите партии и лидери се со полни агенди.
Во меѓувреме некои од суштинските јавни и медиумски активности на партијата во овој период додека Мицкоски „апстинира“ од јавност, ги презедоа Александар Николоски и Антонио Милошоски.
Николоски сопшти декас промоцијата на програмата, која беше најавена за денеска, ќе се одржела утре, на 24 март.
Милошоски, пак, излезе со детали за коалицијата и соопшти дека тоа се Социјалдемократската унија, Обединетата партија за целосна еманципација на Ромите, Македонски концепт, Демократскиот сојуз, Обединети за Македонија, ТМРО и Достоинство.
И преземањето на оваа тема од страна на другите првенци на парттијата е необично, уште повеќе што токму Мицкоски, на еден од последните јавни настапи на кои беше виден најави дека кон крајот на месецот ќе се потпише коалицискиот договор и ќе биде промовирана листите за пратеници.