Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шкријељ: Граѓаните во фокусот на СДСМ, плата од 1100 евра и 600 евра минимална плата е реално остварливо

„Фокусот на програмата на СДСМ се граѓаните и понатамошно унапредување на животниот стандард на граѓаните. Делот со платите беше нешто што беше карактеристика и на претходните програми на СДСМ и на Владата и во таа насока економскиот тим работеше токму на утврдување на она што може да се презентира пред граѓаните и ќе биде реално остварливо. Ако цените по она што досега е сработено во делот на платите, економскиот тим покажа дека дава добри прогнози затоа што реално имаше скепса и за претходните ветувања дека ќе има просечна плата од 500 евра, па ја надминавме. Она што е битно да се има предвид е дека се донесоа неколку системски решенија. Растот на минималната плата, усогласувањето што се случува во март секоја година. Имаме општ колективен договор за целиот јавен сектор којшто треба да стартува од 1 март 2025 година што значи усогласување со растот на просечната плата“, изјави пратеничката од редовите на СДСМ Санела Шкријељ во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.

Таа додаде дека согласно пресметките на економскиот тим предводен од СДСМ, ова е нешто што е реално остварливо, односно постигнување на плата од 1100 евра и 600 евра минимална плата, до крајот на мандатот во 2028 година.

„Земајќи предвид дека имаме раст на платите во сите сектори, и во образование, здравство, одбрана, измените во законот за високо образование, и земајќи ги сите тие параметри се стигна до оваа бројка и ние сметаме дека е реално остварливо да се постигне оваа просечна и минимална плата“, потенцираше Шкријељ.

Зачлени се на нашиот е-билтен