Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: 0 отсто данок на личен доход за минимална плата, која до 2028 ќе достигне 600 евра

„До 2028 година просечната плата ќе ја зголемиме на 1.100 евра, а минималната ќе достигне 600 евра. За ова да го постигнеме, нема да го преоптовариме бизнисот. Затоа велиме, 0% данок на личен доход за минимална плата. Ова ќе донесе достоинствен стандард за граѓаните, ќе ја зголеми продуктивноста но истовремено ќе ја намали и сивата економија“ рече вицепремиерот за економски прашања и коносител на листата во ИЕ2, Фатмир Биќи на промоцијата на програмата на СДСМ, „Програма за европска иднина“.

Тој додаде дека со влезот во ЕУ, просечната плата ќе порасне на 1300 евра, додека минималната ќе се искачи на 800.

„Добро платени, задоволни работници, кои ќе имаат европски стандард, дома. За тоа работиме, тоа ни е задача и таа ќе ја исполниме. Заедно со, до сега најниска невработеност од 7 отсто до 2028 година“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека во следните четири години СДСМ ќе работи и ќе сработи за економија која се потпира на четири столба – човечки капитал, висока продуктивност, конкурентсно и иновативност.

Зачлени се на нашиот е-билтен