Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Што ни нуди Мицкоски

Мицкоски, како изданок и креатор на тој режим, му подготвува нова стапица на македонскиот народ во која секој што ќе биде фатен ќе се кае долго и пополека

Ѓорѓи СПАСОВ

Мицкоски ни го нуди “врвниот економист” Зоран Ставревски, кој ќе ја враќал “силната економија” од времето на Груевски, која заврши со најголемиот корупциски скандал и криминал во историјата на Македонија познат како “Проект Скопје 2014”.

Една милијарда евра беа испумпани од државниот буџет од кои најголемиот дел заврши во приватните џебови на тогашните владини функционери. Со таквиот експерт станавме во светот познати како “лудаци”

А со “врвниот правник” Антонио Милошевски, познат како моќникот од Кичево, Мицкоски ќе ги враќал владеењето на правото и правдата во Македонија.Човекот што нарачуваше лустрација на судија за да го заштити криминалот на неговото семејство и кој како “патриот” остана познат по тоа што Блаже Конески го нарече ” џуџето од Небрегово ќе ни делел правда и ќе ни ја водел надворешната политика.

Да не ги споменувам и другите “таленти”.

Без грам каење и без срам за се што земјава проживеа во времето на тој режим, кој заврши со насилен обид за спречување на промената на власта и со ставање на црната листа на САД на Груевски Камчев и Мијалков, Мицкоски, него одново го нуди како успешен проект за иднината на земјава.

Останува само уште лидерската функција одново да ја врати во рацете на Груевски и да престане со греење на столчето за него.

Мицкоски всушност само ја подготвува одмаздата на тој режим за изгубената власт и за враќање на истите методи на владеење заедно со пропагандната латасовштина, и националистичката пропаганда завиткана во фразите за одбрана на славното минато и на “понижениот македонски народ”.

Таа пропаганда не претвори во “Калимеровци” кои само врескаат дека нема правда и кои плачат над својата судбина дека биле жртва на соседите на големите сили без да се соочат со сопствената вина и неодговорност.

На таа пропаганда важно и било секогаш вината да биде префрлена на друг само со цел да се сокрие сопствената неспособност.

Мицкоски, како изданок и креатор на тој режим, му подготвува нова стапица на македонскиот народ во која секој што ќе биде фатен ќе се кае долго и пополека.

Сите што учествуваат во таа измама не смеат себе да се амнестираат од одговорноста за она што може одново да и се случи на земјава.

Македонија во изминатите 7 години беше поставена и се движеше по јасна патека. Излегувањето од шините што го планира Мицкоски со неговата тајфа може да доведе до голема несреќа за народот.

И да. Македонија треба да биде горда на тоа што стана членка на НАТО, доби преговарачка рамка за членство во ЕУ и се справуваше релативно успешно со совладувањето на низа кризи со кои се соочуваше земјава.

Тешко на неа ако од Гордана очекува да и ја врати гордоста.

Ѓорѓи Спасов е универзитетски професор и поранешен амбасадор. Текстот е преземен од неговиот Ферјсбук профил.

Зачлени се на нашиот е-билтен