На 5 ноември во 19 часот во Францускиот институт во Скопје ќе се одржи книжевна средба и промоција на македонскиот превод на романот „Настанот“ од Ани Ерно, добитничка на Нобеловата награда за литература во 2022 година. Организатори се Францускиот институт во Скопје и издавачката куќа „Илика“.
За романот ќе говорат Катерина Шекутковска, уредничка во „Илика“, и Елисавета Поповска, преведувачка на делото и професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Разговорот ќе го модерира Ведран Диздаревиќ, професор на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје.
Средбата ќе ги отвори книжевните и општествените аспекти на делото, а посетителите ќе имаат можност да поставуваат прашања и да разменуваат мислења со учесниците.
Настанот ќе се одвива на македонски јазик. „Настанот“, како и други наслови на тема автофикција, ќе може да се купи по промотивна цена.
Место за присуство може да се обезбеди преку онлајн-формуларот за пријавување.
