Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и технички премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека ХДЗ преговара со Татковинското движење (ДП) за формирање нова влада.
Тој на прес-конференција по седницата на партиското претседателство истакна дека ХДЗ се обидува да ги приближи своите ставови со ДП кога е во прашање мнозинството во Парламентот и структурата на новата влада.
Пленковиќ најави дека в четврток ќе се договара нова средба и оти ќе продолжат разговорите.