Во Косово е разрешен главниот инспектор во Министерството за правда поради пречекорување на должноста во случајот со контроверзното убиство на Астрит Дехари (еден од најголемите активисти на Ветевендосје) кој почина во затвор во 2016 година. Виола фон Крамон, известувачката за Косово во Европскиот парламент вели дека ЕУ нема интерес да се создаде втора „Република Српска“ со формирањето на Заедницата на општини со мнозинско српско население, а косовскиот премиер Албин Курти вели дека дека се разгледуваат 15-те европски модели што ги нуди Европската унија за создавање на Заедницата.
Во продолжение се темите од денешниот избор на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.
КОСОВО
КланКосова – Случај Дехари: Разрешен е главниот инспектор во Министерството за правда
„Илбер Топали е осомничен дека ги одзел безбедносните камери од затворот во Призрен пред полицијата и ги донел во Министерството за правда, со што ги пречекорил овластувањата на својата должност, дејствија што придонесоа негативно за правична истрага за убиството на Астрит Дехари. “, се наведува во соопштение од косовското министерство за правда. Во еден извештај, неколку дена по убиството на Астрит Дехари, главниот инспектор Топали го нарече случајот на Астрит самоубиство. Неколку дена подоцна негира дека истиот извештај е негов, иако ставил потпис на овој извештај“, пренесува Кланкосова.
Газета Експрес – Фон Крамон: Немаме интерес да создадеме втора „Република Српска“
„Известувачката за Косово во Европскиот парламент Виола фон Крамон очекува дека средбата на премиерот Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ на 18 март во Охрид ќе биде завршена со договор. Таа очекува дека ќе има потпис на документот од двајцата лидери.“, пренесува Газета Експрес.
Радио Косова е Лире- Курти: Се третираат 15-те европски модели што ги нуди Европската унија за создавање на Заедницата на Косово
„Косовскиот премиер Албин Курти соопшти дека се разгледуваат 15-те европски модели што ги нуди Европската унија за создавање на Заедницата на општините со мнозинско српско население на Косово. Курти не сакаше да ги спомене моделите што ЕУ им ги понуди на косовските власти, но рече дека некои се поранешни, а некои нови, кои се користат во европските земји каде што живеат националните малцинства.“, пренесе Радио Косова е Лире (Радио Слободно Косово).
Репортери – Вучиќ по средбата со Лајчак: Заедницата, предуслов за нормализација
„Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го повтори својот став дека формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство останува предуслов за нормализација на односите со Косово.“, пренесе косовскиот дневник Репортери.
АЛБАНИЈА
ПАНОРАМА: Европскиот парламент подготвува една од најстрогите нацрт-резолуции против Албанија на Рама
„Известувачката на Европскиот парламент за Албанија, Изабел Сантос подготви една од најкритичните нацрт-резолуции во последните години против албанската влада, критикувајќи ги плановите за фискална амнестија и златни пасоши, изразувајќи жалење за недостатокот на напредок во основните слободи, како и загриженоста. за нетранспарентност и конкуренција во јавните набавки или концесиите.“, пренесе албанскиот медиум Панорама.
КОЛУМНА
Коха – „Westbalkanregelung“: Како Германија ги коси работниците на Балканот
„Германија се обидува да го претстави регрутирањето работници на Балканот речиси како хуманитарна акција. Но, ова не е вистина. Начинот на кој Германија регрутира работници на Балканот им штети на земјите од регионот, кои многу инвестираат, особено во квалификацијата на лекарите, медицинските сестри и инженерите, а за возврат не добиваат речиси ништо. Во сиромашните земји на Балканот, квалификацијата на лекар, на пример, многу го чини буџетот. Германија само ги отвора вратите и прима спремни професионалци. Владите на балканските земји би морале да развијат заедничка стратегија Германија да плати нешто за секој регрутиран работник.“, извадок од анализата „Westbalkanregelung“: Како Германија ги коси работниците на Балканот“ од авторот Енвер Робели, редовен колумнист во Коха.
Д. Тахири (ЦивилМедиа)