Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ одобри 25 милиони евра државна помош за проширување на терминалот за ЛНГ на Крк

Европската комисија го одобри барањето на Хрватска за доделување 25 милиони евра државна помош за поддршка на проширувањето на терминалот за течен природен гас (ЛНГ) на хрватскиот остров Крк.  

Согласно одлуката на ЕК, како што јави дописникот на МИА, проектот делумно ќе биде финансиран и преку Механизмот за закрепнување и отпорност на ЕУ. 

Со проектот се предвидува на постојниот терминал за ЛНГ на Крк да биде инсталиран дополнителен модул за регасификација со капацитет од 250.000 кубни метри на час. Со ова новиот максимален капацитет за регасификација на терминалот ќе изнесува 700.000 кубни метри на час или 6,1 милијарди кубни метри годишно. Помошта ќе биде во форма на директен грант со што се покриваат дел од инвестициските трошоци на операторот на терминалот „ЛНГ Хрватска“. 

Според Комисијата, помошта е неопходна за да може да се реализира проектот, кој ќе овозможи постабилно снабдување со гас на Хрватска и регионот на Југоисточна Европа, ќе ја поттикне диверзификацијата во снабдувањето со енергија и ќе стави крај на зависноста од руските фосилни горива. 

Зачлени се на нашиот е-билтен