Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Изложба за Али Фети Окјар во Чифте амам

Во соработка со прилепскиот Завод и музеј од Прилеп во галеријата Чифте амам во Скопје е отворена изложбата на Али Фети Окјар, истомисленик и соработник на големиот турски државник, татко на модерна Турција, Кемал Ататурк.

Изложбата „Али Фети Окјар – истомисленик и соработник на Ататурк“ е проследена со истражување е проект на прилепскиот Завод и музеј. Беше во рамките на Програма за остварување на национален интерес во областа на културата за 2023 година финансирана од Министерството за култура, кој беше препознат и како можност за развивање на меѓуинституционалната и меѓунационалната соработката во Република Северна Македонија, но и соработка со Република Турција.

-Изложбата е поставена на 12 алуминиумски банери кои содржат околу 150 фотографии и текст (на македонски и турски јазик) кој се однесува на прилепчанецот Али Фети Окјар, војник, дипломат и политичар кој извршувал високи функции во Османска и Република Турција, пратеник, министер, премиер, претседател на Национално собрание, амбасадор во Бугарија, Франција и Велика Британија, како и за неговата соработка со Мустафа Кемал Ататурк. Едноставно кажано, Али Фети Окјар бил човек со биографија која фасцинира, објаснува раководителот на проектот, историчарот Рубинчо Белчески од прилепскиот Завод и музеј.

Изложбата досега е поставена во неколку градови низ земјава.

Изложбата ќе биде отворена десет дена

Зачлени се на нашиот е-билтен