Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО Дамјановски-Циц: СДСМ треба мудро да извлече иден сериозен лидер, со интелектуален и морален капацитет

Влегуваме во една зона на неизвесност. Пред се, со несуштествени прашања, за овој момент. Може да има стагнација во нашиот евро интегративен процес. Би сакал да преовлада разумот и да се вклучиме, да не дозволиме да бидеме непотребно ветоизирани. Би посакал на Мицковски тоа да го преброди некаков начин и да се концентрира на главното прашање, кое му стои и како програмска определба,во решавање на бугарско-македонски државен договор, кој и да нема намера тоа да го направи ќе биде притиснат од неговите сестрински партии, кои според последните анализи ќе бидат победници и на овие ЕУ-избори,“ посочи Зоран Дамјановски-Циц, поранешен градоначалник на Куманово од СДСМ, на поткастот Политиканти на Слободен Печат, осврнувајќи се на ситуацијата со преговарачката рамка, неупотребата на уставното име на државата во време кога се очекуваат европски избори.

„Никогаш во СДСМ немало таков простор во кој нема предвидување кои луѓе од дворот би можеле да бидат. Дали бил Бранко, Бучко, Тито, секогаш имало фаворити кои се наведувале како идни лидери. Сега нема пикови, нема фаворити кои се најавувале во претходниот период. Познато ви е од медиумите дека има 5-6 кандидати. Дали ќе излеземе од оваа битка мудри, да излечеме еден сериозен лидер кој дефинитивно треба да биде и интелектуално и морално и возрасно адекватен,“ рече Зоран Дамјановски Циц, поранешен градоначалник на Куманово од СДСМ, на поткастот Политиканти на Слободен Печат.

Тој посочи дека не може да претпостави кој би бил идниот лидер на СДСМ, како и дека се очекуваат неколку табори, јужно-македонско крило, скопско, итн. Притоа додаде дека би било добро за партијата тоа да биде човек кој бил дел од раководството, луѓе кои би поставиле авторитативно-харизматичен тип на владеење во партијата.

„И преголема демократија во партијата која сакаше да ја практикува претходниот претседател, наводно беше многу демократски, а беше строго централизирано. Бранко владееше авторитативно-харизматично. И можеби затоа повеќе од 16 години беше лидер на партијата“, рече Дамјановски Циц.

„Немам сретнато некој за десет дена, колку беа ефективни денови за кампања, помеѓу првиот круг претседателски и парламентарните избори, да изгуби над 30.000 гласови. Тоа е за околу 35% од вкупниот број на гласови добиени во првиот круг. Тоа го гледам во нешто друго. И во 2021 година, кога Максим Димитриевски победи, голем дел од гласовите ги доби од СДСМ, а дел доби и од ВМРО-ДПМНЕ. Ако погледнете дека Тони Михајловски, кој беше противкандидат на Димитриевски од ВМРО-ДПМНЕ, доби околу 7-8.000 гласови, Максим доби околу 15.000 гласа, а ние околу 14.800 гласови. Значи од тие 15.000 гласа што ги има ВМРО-ДПМНЕ во Куманово биле трансферирани околу 7000, на кој начин и со какви методи, тоа уште не ми е познато,“ рече Дамјановски Циц, поранешен градоначалник на Куманово од СДСМ.

Тој посочи дека Куманово после 35 години, го изгуби приматот на левичарски лидери почнувајќи од СДСМ, па ЗНАМ која се профилираше како левичарска партија, произлезена од колевката на СДСМ.

Циц истакна дека Димитриевски не ги разграничува поимите национализам и патриотизам. 

„Патриотизам е да го сакаш својот народ, а да го сакаш својот народ на сметка на негатива на туѓиот етникум, народ, се вика национализам. Тука се покажа едно излегување од орбитата на граѓанскиот концепт на македонското општество.

Зачлени се на нашиот е-билтен