Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Уставниот суд не избра претседател ни во четири обиди

Уставниот суд е длабоко поделен околу прашањето кој треба да ја наследи Добрила Кацарска како претседател. Денеска пропаднаа четири обиди за да се изборот на претседател на Судот – два во претпладневните гласања, два во попладневните.

Кандидатки за челната позиција се Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павловска-Данева. За да се избере претседател на судот потребно е двотретинско мнозинство, односно еден кандидат да има шест гласови од вкупно девет членови на Уставниот суд. Според информациите, ниту едната од кандидатките не сакала да се повлече.

Васиќ-Бозаџиева во сите четири изјаснувања добила пет гласа, додека Павловска-Данева четири.

„Согласно Деловникот постапката за избор се повторува сѐ додека не се избере претседател на Уставен суд“, велат од судот.

Гласањето продолжува утре во 10 часот. Мандатот на актуелната претседателка Добрила Кацарска истекува на 2 јуни.

Зачлени се на нашиот е-билтен