Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Блинкен разговараше со Галант и Ганц за предлогот за примирје во Газа

– Американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараше со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант и шефот на воениот кабинет Бени Ганц за израелскиот предлог за прекин на огнот што го предложи американскиот претседател Џо Бајден.

Блинкен, во разговорот со Галант, „ја пофали подготвеноста на Израел да постигне договор и нагласи дека Хамас треба да го прифати договорот без одлагање“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Државниот секретар, исто така, ја потврди израелската „железна посветеност на безбедноста“ и изјави дека прифаќањето на предлогот за прекин на огнот „ќе ги унапреди безбедносните интереси на Израел, вклучително и отворање на можноста за мир на границата со Либан, што ќе им овозможи на Израелците да се вратат во своите домови“.

Американскиот претседател во петокот го претстави трифазен предлог договор за прекин на огнот во Газа. с

Зачлени се на нашиот е-билтен